Седум скопски општини со троцифрени бројки на заболени од Ковид-19

Од:

Скопје и понатаму е најголемо жариште на заразени со Ковид-19 во земјава, а само денеска 96 лица од 185-те новозаразени се жители на главниот град.

Во Скопје во моментов 1.653 лица се водат како активно заразени со коронавирус.

Според последните податоци, седум скопски општини веќе бележат троцифрени бројки на активно заразени лица.

На врвот на листата се уште е Чаир со 363 позитивни случаи, а зад оваа општина се Аеродром -129, Бутел – 133, Гази Баба – 148, Центар-126, Карпош – 115, Сарај – 125.

Понатаму, во Кисела Вода има 86 позитивни лица, Ѓорче Петров – 69,  Студеничани – 78, Шуто Оризари – 65, Арачиново – 52, Илинден – 25, Петровец – 12, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 12, Зелениково-1.

Меѓу регистрираните случаи во Скопје четврорица се странци, а 6 лица се водат како нераспределени.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош