Седум пресуди за непочитување на здравствени прописи донесе ОС-Куманово

Од:

Основниот суд во Куманово завчера донесе пресуди за две, а вчера за уште пет лица, бидејќи не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија, соопшти денеска судот. Едниот не се самоизолирал, а останатите шестмина не ја почитувале забраната за движење.

Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог од страна на Основното јавно обвинителство Куманово, за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, Основиот суд Куманово, на 31 март годинава, донесе една пресуда, со која две лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 50 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од по 61.300,00 денари.

Судот вчера донесе пет пресуди со кои пет лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело, едно лице е осудено на парична казна од 100 дневни глоби во вкупна денарска противвредност од 123.000,00 денари, а четири лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби во вкупна денарска противвредност од по 61.500,00 денари.

Во соопштението на Судот се наведува дека еден од обвинетите лица за време на пандемија, како епидемија од глобални размери со одлука на Светската здравствеа организација, иако при влез во Република Северна Македонија од средноризична земја потпишал писмена изјава за задолжителна самоизолација, на ден 25 март при извршена контрола од страна на службени лица на МВР-СВР Куманово, не бил затекнат во неговиот дом, каде што требало да ја спроведува самоизолацијата.

Останатите обвинети шест лица, на 24 и на 25 март година, во истите околности за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуката на Владата од 23.03.2020 година со која се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата од 21,00 часот до 05,00 часот, односно не ја почитувале забраната за движење во наведениот период.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски