Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани седум нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 127 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 329 и има околу 575 празни болнички кревети.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во ковид центритарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 48 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 202 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 15 болни, а во Куманово 38 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар пет, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани четворица, во Кичево седуммина, Кавадарци има шест пациенти, а во Гевгелија нема хоспитализирано.