Седум лица повредени во 11 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

На подрачјето на Град Скопје изминатиот ден се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои шест се со последици материјална штета, пет се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лице.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатите пет дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци.

Двајца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, а тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите. Шест возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се 40 непрописно паркирани возила. Седум лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, а 10 возачи го управувале возилото по истекот на сообраќајната дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 63 возила.

Во делот на превентивните активности, денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Страшо Пинџур“ и со ученици од второ и четврто одделение од ОУ „Димитар Поп Беровски “, општина Ѓ.Петров.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ