Седум лица од Струмица под истрага за обид за убиство во Стар Дојран

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години и тоа – против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело Убиство , против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело.

Имено, на 01.05.2019 година пред хотел во Стар Дојран дошло до вербална расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле во алкохолизирана состојба и двајца вработени во хотелот.

Расправијата преминала во физичка пресметка. На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош.

Од извршената анализа на алкохол во крвта е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта.

Имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело и запретената казна, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои можност осомничениот кој директно го извршил делото да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

Исто така, бидејќи останатите осомничени му се блиски пријатели, а едниот му е брат, веројатно е дека може да врши и влијание врз нив со кое ќе го попречува водењето на истражната постапка. Затоа Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе Предлог за определување мерка притвор за ова осомничено лице, додека за останатите осомничени е предложено да бидат определени мерки на претпазливост.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини