Седум часа со воз од Гевгелија до Драчево

Од:

Денеска патниците кои патуваа од Гевгелија за Скопје, тргнале во 10 часот и десет минути утрово.

Наместо да стигнат во 12 и четириесет, како што пишува во возниот ред, во 17 часот, возот се уште беше на станицата во Драчево, пренесе Телма.

Првиот застој се случил во Демиркаписката клисура, каде чекале повеќе од еден час, без никој да им објасни во што е проблемот.

Пред железничката станица во Драчево, во возот удрила импровизирана моторна приколка. Возачот поминал со полесни повреди, но затоа увидот траеше со часови, а возот ја блокираше пругата и од двете страни. Патниците патот до Скопје го продолжиле со такси или автобуси, но тие што патуваа во обратната насока, немаа друг избор, освен да чекаат, да се нервираат, а некои и шегуваат.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Воз прегази скопјанец кај булеварот „Србија“

Катерина Ѓуровски

По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола

Возот утринава пристигна навреме во Велес по вчерашното седумчасовно доцнење

Од среда возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно

Мигрант тешко повреден од струен удар