Седниците на советите на локалните самоуправи може да се одржуваат онлајн и телефонски

Од:

На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 37. седница донесе Уредба за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа за време на вонредна состојба.

Со оваа Уредба, како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, се дава можност претседателот на советот на општината и на Градот Скопје, да може да свика и да раководи со седница на советот и со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).

– Имајќи предвид дека во време на вонредна состојба, кога општините и градот Скопје треба да бидат максимално мобилизирани и функционални заради обезбедување на услови за примена на препораките и мерките на Владата за заштита и превенција од коронавирус Ковид 19, со оваа уредба се обезбедуваат законски услови советот да може да одржува седници и да донесува одлуки и во случај на спреченост на членовите на советот физички да присуствуваат на седница, поради примена на мерките на Владата. Согласно уредбата, во случај на одржување на седница со употреба на комуникациски средства, претседателот на советот дневниот ред и материјалите за седницата, до членовите на советот ги доставува по електронски пат. Гласањето ќе се одвива по пат на поименично произнесување на секој од членовите на советот кои се најавени на седницата, за текот на седницата се води записник, кој што, заради обезбедување на транспарентност и отчетност, веднаш по завршувањето на седницата се објавува на веб страницата на општината и на Градот Скопје, се посочува во соопштението.

Во случај на спреченост или отсуство на претседателот на советот, велат од МЛС, поради постапување согласно здравствените прописи за време на епидемија и поради спроведување на мерките и препораките на Владата, се дава можност седница на совет да свика и со неа да раководи најстариот член на советот.

Истакнуваат дека заради поголема ефикасност во работењето, уредбата дава можност претседателот на советот да свика вонредна седница и на барање на градоначалникот.

Министерството за локална самоуправа им препорачала на градоначалниците, доколку се уште не постапиле, да постапат согласно член 52 став 5 од Законот за локалната самоуправа и да определат кој од членовите на советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство, како и согласно законските овластувања, да овластат едно или повеќе лица од редот на вработените за потпишување на финансиски или други акти.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска