Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието за денеска се закажани седници на три комисии, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на седницата на Комисија за транспорт, врски и екологија, закажана за во 11 часот, ставени се 11 предлог закони, повеќето од областа на екологијата. Членовите на Комисијата треба да ги разгледаат и предлог измените и дополнувањата на Законот за постапување на бесправно изградени објекти, во второ читање, и Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која треба да почне во 11 часот, ќе ги разгледува предлог измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција, прво читање, како и Предлог на одлука за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

На дневен ред на седницата на Законодавно-правната комисија, закажана во 13 часот, ставени се 23 точки. Меѓу точките, е и Предлог на закон за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, прво читање, поднесен од пратениците од Левица, како и предлог измените и дополнувањата на Законот за работни односи, второ читање, поднесен од пратеници од мнозинството во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски