Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи две седници 75-та и 77-ма, на кои ќе се дискутира по Предлог – закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, сите по скратена постапка, во второ читање.

Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, се на дневниот ред и на двете седници на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, по скратена постапка, во второ читање.

На агендата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во прво читање, Предлог – законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија, по скратена постапка, во второ читање, како и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за социјална сигурност на старите лица и на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, во второ читање.

Како што е најавено, во собраниската Охридска сала свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе даде Арбер Исаку, член на Советот на Јавни обвинители на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски