Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за труд и социјална политика и за транспорт, врски и екологија.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. На едната ќе расправа по Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги, а на другата по Предлог-законот за извршување на санкциите.

Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги е на дневен ред и на Комисијата за транспорт, врски и екологија, додека пред Комисијата за труд се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“