Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2017 година, а на Комисијата за прашања на изборите и именувањата повеќе одлуки за избор на претседатели и членови на тела меѓу кои и за формирање Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. На првата ќе расправа за предлог законите за практикантство, за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, двата во прво читање, и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, во второ читање. На втората седница ќе разгледа неколку барања за автентично толкување на закони и членови од закони.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска