А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на три собраниски комисии

by А1он07/10/2016 - 08:2074
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ги утврдат Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-одлуката за именување на претседател, заменик претседател и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, Предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев”, Предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Предлог-одлуката за разрешување и именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка во второ читање.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, Предлог-законот за изменување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, сите по скратена постапка  во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен