Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се Предлог-закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија) и Предлог – закон за ратификација на Протоколот 15 за измена на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат за три предлози на опозициски пратеници.

На дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политички партии, поднесен од Лилјана Поповска, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, поднесен од Енес Ибрахим и Предлог на закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, поднесен од пратеничката група на СДСМ, сите во прво читање.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. 

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски