Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисијата за финансирање и буџет и за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно – правната комисија.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација во редовен работен однос, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратеникот Крсто Мукоски, е на дневен ред на двете комисии.

Законодавно-правната комисија треба да разгледа уште два закони во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка, второ читање поднесен од Лилјана Затуроска и Олга Најденовска.

Би можело да ве интересира

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд