Седници на шест собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за уставни прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Буџетскиот совет.

Комисијата за уставни прашања ќе расправа за текстот на нацрт амандманите 33,34,35 и 36 на Уставот на Република Македонија, а Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за Предлоготза одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

На седницата на Комисијата за политички систем ќе се одржи Јавна расправа за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, а членовите на Комисијата за здравство ќе го разгледаат Предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, во прво читање.

Две седници се најавени на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати, во второ читање и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, во прво читање, поднесен од пратеникот Панчо Минов.

На дневен ред на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е Предлог-заклучокот за изменување и дополнување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници по пратенички групи.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски