А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на повеќе собраниски комисии

by А1он10/04/2018 - 08:2785
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, образование и наука, за европски прашања, за здравство, за прашања на избори и именувања и за одбрана и безбедност.

Добивај вести на вибер

Комисијата за одбрана и безбедност, која од четвртокот беше одложена за денеска, треба да расправа за предлог-законите за следење на комуникациите и за ОТА, како и за измените и дополнувањата на Законот за оружјето, во прво читање, кој е со европско знаменце. Овие измени се на дневен ред и на собраниската седница на Комисијата за европски прашања.

Пратениците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ја утврдат Предлог – одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Тие исто така треба да гласаат за одлуки за промена на составот на пратеничките групи на Собранието со парламенти на други држави и на собраниски комисии.

Комисијата за култура ќе расправа за Предлог – националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија за периодот 2018 – 2022 година, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство се измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за лековите и медицинските средства, сите поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство и во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто