• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Седници на повеќе собраниски комисии

by А1он11/02/2015 - 08:38101
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за финсирање и буџет, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство, за труд и социјална политика, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

На дневен ред на Комисијата за образование и наука се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, во прво читање, Предлог – закон за изменување на Законот за високото образование, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлог на Закон за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, по скратена постапка , во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа  за измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-закон за академијата за судии и јавни обвинители и Предлог – законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за одговорност на судија, сите по скратена постапка и во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на законите за финансиската полиција, за податоците во електронски облик и електронски потпис, за Царинската управа,  за денационализација, за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација и измените на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, сите во прво читање. На дневен ред на Комисијата се и Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2015 година и  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог – закон за трансформација во редовен работен однос, двата по скратена постапка во второ читање.

Собраниската Комисија за здравство треба да се изјасни за измените на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се измените на Законот за работните односи и измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка во второ читање.

Седница ќе одржи и Комисијата за транспорт, врски и екологија. На дневен ред се измените и дополнувањата на законите за животната средина, за градење, за комуналните дејности, за просторно и урбанистичко планирање, за превоз во патниот сообраќај, за јавните патишта, за јавна чистота, за електронските комуникации и измените на Законот за градежно земјиште, сите во прво читање.

Две комисии ќе одржи и собраниската Законодавно-правна комисија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен