Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, на Законот за технолошки индустриски развојни зони и на Законот за индустриски – зелени зони, сите по скратена постапка и во второ читање.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, во второ читање ќе биде разгледуван на Комисијата за труд и социјална политика.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка.

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик и на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, двата по скратена постапка и во второ читање се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и по Предлог-законот за преземање на акционерските друштва, во второ читање.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, во второ читање, е единствената точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања ќе дискутираат за Извештајот од Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно чплен 153 од Изборниот законик.

Законодавно-правна комисија на агендата ги има предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, на Законот за ѓубриња, на Законот за производи за заштита на растенијата, на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, на Законот за здравјето на растенијата, како и на Законот за ловството, сите во второ читање. На седницата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Предлог-законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог-закон за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба, Предлог-закон за преземање на акционерските друштва, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, сите во второ читање.

На седницата Законодавно-правната комисија ќе го утврдува и  пречистениот текст на Законот за градежно земјиште.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител