Седници на пет собраниски комисии и на Комитетот за односи меѓу заедниците

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за труд и социјална политика, за здравство, за транспорт, врски и екологија, за образование, наука и спорт, како и Комитетот за односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2014 година, за периодот 1 јануари до 31 март 2014 (прв квартал), како и Предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во второ читање и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за градење, за превоз во патниот сообраќај, трите во второ читање.

На дневен ред на седницата се и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај и за железничкиот систем, двата во прво читање.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледува Предлог-законот за спортска академија, во второ читање и Предлог-законот за дополнување на Законот за високото образование во прво читање.

На дневен ред на Комитетот за односи меѓу заедниците е избор на претседател и заменик на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата