А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на пет собраниски комисии

by А1он27/02/2015 - 08:163
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет комисии.

Добивај вести на вибер

На Комисијата за надворешна политика новоименуваниот амбасадор во Канада, Тони Димовски и новоименуваниот амбасадор во СР Германија, Сашо Марковски ќе ги претстават своите платформи на дипломатски активности.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги разгледа Предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Предлог-одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за измените на повеќе закони во второ читање како што се Законот за електронски комуникации, Законот за животна средина, Законот за комунални дејности, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за јавните патишта, Законот за градење, Законот за градежно земјиште…

Дел од овие закони се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за образование, наука и култура ќе ги разгледа дополнувањата на Законот за иновациска дејност во прво читање и измените на Законот за просветна инспекција во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:29

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски05/09/2025 - 10:4205/09/2025 - 10:58

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Горан Наумовски26/08/2025 - 12:25

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 13:4016/08/2025 - 13:53

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Горан Наумовски31/07/2025 - 14:19
Од: А1он
Македонија

Седници на пет собраниски комисии

by А1он18/07/2013 - 09:23128
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за европски прашања, за култура, за транспорт врски и екологија, како и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет треба да биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во прво читање.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, како и Предлог – законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите во прво читање.

Овие закони треба да го разгледуваат и членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог – закон за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање.

На седницата на Законодавно-правната комисија, меѓудругите, се, Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ П.О. Скопје, во прво читање, Предлог законот за заштита од пушењето, исто така во прво читање, Предлог законот за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, Предлог – законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог – закон за медиуми.

sobranie

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:29

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски05/09/2025 - 10:4205/09/2025 - 10:58

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Горан Наумовски26/08/2025 - 12:25

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 13:4016/08/2025 - 13:53

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Горан Наумовски31/07/2025 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен