А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на пет собраниски комисии

by А1он09/12/2014 - 08:301
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт, за култура и за економски прашања.

Добивај вести на вибер

Предлог деловникот за работа на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на Собранието на Република Македонија, е единствената точка по која ќе расправаат членовите на Комисијата за за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

На дневниот ред на седницата на Комисија за труд и социјална политика е Предлог – законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, во прво читање.

Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Килимент Охридски“- Битола ( I фаза ) е на агендата на седницата на Комисија за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисија за култура ќе дискутираат по Предлог – закон за издавачката дејност, во прво читање, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, во прво читање и по Предлог-програма за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година.

Комисија за економски прашања на денешната седница ќе расправа по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, во прво читање и по Предлог-законот за дополнување на Законот за угостителска дејност, во прво читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
Од: А1он
Македонија

Седници на пет собраниски комисии

by А1он25/02/2013 - 08:24144
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-законот за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија, Предлог-законот за дополнување на Законот за денационализација и Предлог-законот за регулирање на дел од долгот кон Обединетата банка на Швајцарија, сите во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог-законот за катастар на недвижности, сите во читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за домување и на Законот за просторно и урбанистичко планирање, и двата во второ читање.

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарството, во второ читање.

За овие предлог-закони ќе расправа и Законодавно-правната комисија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен