Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за градежните производи, за изменување на Законот за трговија, и за изменување на Законот за државен пазарен инспекторат, трите во второ читање и поднесени од пратеници од владеачкото мнозинство.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, во второ читање, поднесен од пратеници од мнозинството.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа за предлог законите за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, двата во прво читање, како и за Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти, во второ читање.

На седницата на Комисијата за труд и социјална политика ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во второ читање, додека Законодавно-правната комисија ќе одржи три последователни седници на кои ќе разгледа повеќе законски решенија.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски