Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет собраниски комисии.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа Предлог-законот за даночни, царински и други фискални погодности во врска со одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 во Република Македонија, Предлог дополнувањата на Законот за данокот на добивка, измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, измените на Законот за ревизија на инструментот за пристапна помош и измените на Законот за банки.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените на Законот за спорт, а на Комисијата за култура Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2017 година.

Комитетот за односи меѓу заедниците треба да се произнесе по предлогот за гласање за Предлог-законот за вработување на стоте најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа сите законски решенија кои се на дневен ред на овие собраниски комисии.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик