Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии.

На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е  Предлог-законот за изменување на Законот за полиција, во второ читање, а на  Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата, во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да расправаат за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за домување, за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавните патишта, за воздухопловство, за градежно земјиште, во второ читање. Дел од дневниот ред на Комисијата се и предлог – законите за изменување и дополнување на законите за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, за железничкиот систем, за сигурност во железничкиот систем, за интероперабилност во железничкиот систем, за внатрешната пловидба, за гробишта и погребални услуги, за комуналните дејности, за поштенските услуги, за јавна чистота, во второ читање. Комисијата за транспорт треба да се изјасни и за  предлог законите за изменување и дополнување на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за автокампови, за просторно и урбанистичко планирање и за градење, исто така во второ читање.

На седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за спречување и заштита од дискриминација, во второ читање.

За повеќе од точките од дневниот ред на најавените комисии за денеска треба да расправа и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски