Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за образование и наука, за труд и социјална политика и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, во прво читање  и Предлог – законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање, а на Комисијата за образование предлог-измените на законите за основно и за средно образование, за наставници во основно и средно образование, ……

Комисијата за транспрот, врски и екологија, пак, треба да ги разгледа предлог – законите за изменување и дополнување на законите за електронските комуникации, за електронско управување, за управување со отпадот, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, за внатрешната пловидба…. во прво читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, во прво читање,  поднесен од пратеници од СДСМ, како и за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа , за социјалната заштита, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за заштита на децата, сите во прво читање.

Повеќе законски решенија треба да разгледа и Законодавно-правна комисија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година