Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисиите за здравство, за надворешна политика, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за здравство се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување и за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, двата во прво читање.

На седницата на Комисијата за надворешна политика отчетни обраќања за вршењето на должноста амбасадор ќе имаат Веле Трпески за Албанија, Стојан Карајанов за Косово, Дарко Ангелов за Унгарија и Никола Димитров за Холандија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2013 година со конечен извештај на овластен ревизор, како и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за финансиските друштва, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот на данокот за додадена вредност,  за изменување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, во прво читање како и за предлог законите за данокот на добивка и за еднократно отпишување на долговите на граѓаните,сите во прво читање.

На дневниот ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на предлог одлуките за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, на Буџетскиот совет на Собранието, за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал, за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици и членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и за изменување на одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со други држави.

Законодавно-правната комисија ќе разгледа повеќе предлог законски решенија меѓу кои и за изменување и дополнување на Законот за државната инспекција, на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за финансиски друштва и на Законот на додадена вредност, како и Предлог законот за изменување на Законот за задолжително осигурување и Предлог законот за данок на добивка, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет собраниски комисии.

Станува збор за комисиите за економски прашања, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и  Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони, по скратена постапка, Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност и Предлог-законот за туристички развојни зони, двата во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства во прво читање, поднесен од пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за Предлог-законот за изменување на Законот за судовите во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градежно земјиште, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да се изјаснат по предлог-законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за заемно поттикнување и заштита на инвестиции, за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Македонија и Чешката Република за меѓународен превоз во патниот сообраќај, и за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет