А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на неколку собраниски комисии

by А1он10/09/2019 - 08:19357
Share0

Седници денеска се одржат неколку комисии на Собранието на Република Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и и буџет, за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за финаснирање и буџет меѓу другите во прво читање ќе го разгледаат Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светка банка по договор за заем за развојни политики за јавни финансии и конкуретност.

Во прво читање на дневен ред се и Предлог – закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот.

На дневен ред на Комисијата за за транспорт, врски и екологија се Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство во второ читање и Нацрт-просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во второ читање и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за виното во прво читање се на дневен ред на Комисијата за земоделство, а пред членовите на Комисијата за економски прашања ќе се најде Годишен извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Закондавно-правната комисија е предвидено да се разгледаат предлозите кои денеска претходно ќе поминат во матичните комисии.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен