А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на неколку собраниски комисии

by А1он22/10/2014 - 08:26101
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за економски прашања, за надворешна политика, за транспорт и врски, Законодавно-правната комисија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Добивај вести на вибер

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по Предлог законот за дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва во прво читање.

Предлог законот за дополнуање на Законот за приватизација на државниот капитал и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност се точки по кои ќе дебатира Комисијата за економски прашања.

Пред Комисијата за надворешна политика новоименуваниот амбасадор на РМ во Киев, Столе Змејкоски ќе ја претстави својата платформа за дипломатски активности во Украина. Комисијата ќе се произнесе и по повеќе предлог-закони за ратификација на спогодби и договори на РМ со други земји.

Комисијата за транспорт и врски ќе расправа за измените и дополнувањата на законите за внатрешната пловидба, за јавните патишта, за превоз во патниот сообраќај, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, како и за Законот за сигурност во железничкиот систем, сите во прво читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за  еднакви можности на жените и мажите во прво читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

За сите предлог – закони кои ќе бидат на дневен ред на горе-наведените собраниски комисии денеска треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен