А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на комисиите за финансирање, за европски прашања и на Законодавно-правната комисија

by А1он13/12/2012 - 09:48142
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет,  Комисијата за европски прашања и Законодавно правната комисија.

Добивај вести на вибер

Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување – прво читање.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи две седници на кои ќе расправа за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2013 година, како и за Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита, двата по скратена постапка и во второ читање,  за Предлог-законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење други сезонски работи, во второ читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, второ читање, измените и дополнувањата на Законот за агенциите за привремени вработувања, прво читање.

На дневен ред на оваа Комисија се и измените и дополнувањата на Законот за работните односи, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, како и Предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост поднесен од опозицијата, сите во прво читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Горан Наумовски26/08/2025 - 12:25

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 13:4016/08/2025 - 13:53

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Горан Наумовски31/07/2025 - 14:19

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски29/07/2025 - 14:4729/07/2025 - 15:14

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он24/07/2025 - 21:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен