Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе дискутираат за Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија и Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, сите по скратена постапка, во второ читање.

Предлог – законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, во второ читање е на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија.

Членовите на оваа комисија ќе расправаат и по Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на проектот модернизација на земјоделството, по скратена постапка, во второ читање.

На дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија меѓу другите точки е и Предлог на закон за субвенциониран студентски оброк, скратена постапка, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска