Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
Оваа Предлог-одлука ќе биде разгледана и од Законодавно правната комисија. На друга седница, оваа Комисија ќе расправа за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година во второ читање и за Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година по скратена постапка, во второ читање.