Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт.
Пред Комисијата за финансирање е Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, додека Комисијата за образование ќе расправа по Предлог – законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир, како и за изменување на Законот за високото образование во прво читање.