Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на двете комисии е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за прашања на изборите и именувањата.

Пред Комисијата за политички систем се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, сите во второ читање.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да разгледа и утврди повеќе предлог одлуки, за избор на Народен правобранител, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави, за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, за престанок на мандат на член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво, за избор на членови на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво, како и за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“.

Комисијата ќе треба да се изјасни и по Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година