Седници на девет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за култура, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, одбрана и безбедност и Законодавно -правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, на Законот за безбедност на храната за животни, на Законот за заштита и благосостојба на животните на Законот за ветеринарно – медицински препарати, на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, на Законот за сточарството, на Законот за виното, како и на законите за органско земјоделско производство, за здравјето на растенијата, за хидрометеоролошка дејност и за квалитетот на земјоделските производи, сите во скратена постапка. Ќе се расправа и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и на Законот за шумарска и ловна инспекција, по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за здравство меѓу останатите ќе дискутираат и по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за јавно здравје и на законите за евиденциите во областа на здравството, за здравственото осигурување и за санитарната и здравствената инспекција, сите по скратена постапка.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, по скратена постапка, во второ читање е единствената точка на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Законодавно-правна комисија на денешната седница на агендата има повеќе точки меѓу кои предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка.

На седницата на Комисија за труд и социјална политика на дневниот ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за семејството и на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка, во второ читање.

Пратениците на седницата на Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе ја утврдуваат предлог-одлука за избор на член на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Предлог – законите за изменување на Законот за азил и привремена заштита, на Законот за оружјето, на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, по скратена постапка, во второ читање се на дневниот ред, во второ читање, е дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисија за економски прашања на седницата ќе расправа по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за техничката инспекција и на Законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, во второ читање.

Како што е најавено на седницата на Комисијата за култура пратениците ќе дискутираат по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за издавачката дејност, на Законот за библиотеките, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за музеите, на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и на  Законот за филмската дејност.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите