Седници на четири собраниски комисии

Од:

Пред денешната собраниска седница, чија прва точка на дневен ред е ребалансот на Буџетот, во Собранието е закажано одржување на заседанија на четири комисии.

Собраниската Комисија за надворешна политика треба да ја одржи својата четврта седница на чиј дневен ред се предлог законите за ратификација на Дополнителниот протокол за привилегии и имунитети на Организацијата за црноморска економска соработка, на Протоколот за статусот на Меѓународните воени команди воспоставени во согласност со Северноатлантскиот договор и на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот договор за статусот на нивните сили.

Својата четврта седница треба да ја одржи и Комисијата за одбрана и безбедност, која во прво читање ќе го разгледува Предлог-закон за изменување на Законот за приватно обезбедување.

Комисијата за труд и социјална политика треба да ја одржи својата прва седница, на чиј дневен ред е резгледување на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, по скратена постапка и на Предлог – законот за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка. И двата предлог – закони се во второ читање.

По ова, седница ќе одржи и Законодавно-правна комисија на чиј дневен ред се сите шест предлог – закони што треба да бидат разгледани на трите претходни комисии.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски