Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Парламентот денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за европски прашања, за одбрана и безбедност и Законодавно-правна комисија.

Комисија за образование, наука и спорт ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите и Предлог-законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, и двата во прво читање.

На дневен ред на оваа комисија се и статутарни одлуки за изменување на Статутите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, прва фаза и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, исто така во прва фаза.

Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во „Европскиот корпус на солидарност“, во второ читање, е единствена точка на деневниот ред на собраниската Комисија за европски прашања.

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе дискутираат за Предлог – резолуција за Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019 – 2028.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа сите законски решенија кои се на дневен ред на овие собраниски комисии.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска