Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за финансирање и буџет, за економски прашања, и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување на Законот за образование на возрасните, во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог законите за задолжителни нафтени резерви, за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, и за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, трите во второ читање.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство во второ читање, додека Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, и за заштита и благосостојба на животните, и двата во второ читање.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за надворешна политика, за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законoт за ратификација на Протоколот за стратегиска оценка на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекс е единствената точка на дневниот ред на Комисијата за надворешна политика.

Членовите на Комисија за образование, наука и спорт ќе расправаат по предлог-законот за дополнување на Законот за просветната инспекција и Предлог-законот за национална рамка на квалификации, двата во прво читање.

Предлог-закон за матичен број, во прво читање, е точката по која ќе расправаат членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законодавно-правната комисија на агендата има повеќе предлог-закони и тоа за матичен број, за национална рамка на квалификации, за дополнување на Законот за просветната инспекција и Предлог-законот за ратификација на Протоколот за стратегиска оценка на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекс, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски