Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг и Предлог – законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика  се Предлог-законот за изменување на Законот за исплата на платите и Предлог-законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, двата по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање.

Законодавно-правна комисија ќе ги разгледа предлог законите кои се на дневен ред на трите комисии кои денеска ќе одржат седници.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за транспорт, врски и екологија, Законодавно-правната и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените и дополнувањата на Законот за стручно образование и обука и измените на Законот за иновациска дејност, двата во прво читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по измените и дополнувањата на Законот за градење, на Законот за градежно земјиште и на Законот за внатрешната пловидба, сите во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија на седницата ќе расправаат по Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, и двата во второ читање.

На дневен ред на оваа комисија се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, во прво читање и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за оружјето и на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, и двата во второ читање.

Дневниот ред е дополнет со Предлог-законот за индустриски-зелени зони, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување на Законот за јавните претпријатија, Предлог-законот за поддршка на домашната музичка продукција, сите во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдување мислење по Предлог Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во Службата на Собранието на Република Македонија и утврдување мислење по Предлог Правилникот за изменување на Правилникот за внатрешна организација на Службата на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата