Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за надворешна политика, за транспорт и врски, за финансирање и буџет  и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за надворешна политика  е Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.

Пред Комисијата за транспорт, врски и екологија се Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година и Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно возухопловство за 2016 година.

Комисијата за финансирање и буџет, пак,  треба да расправа за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, во прво читање,  како и за Предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, исто така во прво читање, поднесен од пратеници од опозицијата.

За поголемиот дел од точките на дневен ред на комисиите за надворешна политика, за транспорт и за финансирање треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија. Тие треба да ги разгледаат и  Предлог – законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, во прво читање, како и Предлог – законот за изменување на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење  јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, во прво читање, поднесен од пратениците Горан Сугарески, Васко Ковачевски, Љубомир Јосифовски и Марјан Даскаловски.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања