Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт и за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем треба да го разгледа Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци за периодот од 15 септември 2015 до 15 март оваа година. Извештајот требаше да биде разгледан од Комисијата вчера, но тоа беше одложено поради, како што рече претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев, неприсуството на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на седницата.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика е Предлог – закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.

На Комисијата за образование, наука и спорт продолжува амандманската расправа по Предлог-закон за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје и за измените на Законот за високо образование.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска