А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на четири собраниски комисии

by А1он15/03/2016 - 09:2782
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените на Законот за шумарска и ловна инспекција, како и измените и дополнувањата на законите за ветеринарно-медицински препарати, за нуспроизводи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој, за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, сите по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправат за измените и дополнувањата на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за медијација, за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за архивски материјал, за управната инспекција, за инспекциски надзор, за организација и работа на органите на државната управа, за матичен број, за личното име, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта, сите по скратена постапка во второ читање.

Комисијата за здравство ќе ги разгледа измените и дополнувањата на законите за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и за лековите и медицинските средства, двата по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се измените и дополнувањата на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за медијација, за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за управната инспекција, за архивски материјал, за организација и работа на органите на државната управа, за инспекциски надзор, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за шумарска и ловна инспекција, за ветеринарно-медицински препарати, за нус производи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој сите по скратена постапка – второ читање.

Членовите на оваа комисија ќе ги разгледаат и измените и дополнувањата на законите за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за матичен број, за лековите и медицинските средства, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за личното име, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта, сите по скратена постапка – второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен