А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на четири собраниски комисии

by А1он09/02/2016 - 08:4083
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за здравство, за финансирање и буџет и за транспорт.

Добивај вести на вибер

На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог – законите за изменување и дополнување на законите за санитарната и здравствената инспекција, за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, за јавно здравје, за хемикалии… сите во прво читање.  Воедно Комисијата ќе расправа и за предложените измени на законите за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за здравствената заштита, за прекурзори, за заштита на населението од заразни болести на Законот за здравственото осигурување, исто така во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог – законот за изменување на Законот за воздухопловство, по скратена постапка.

Комисија за финансирање и буџет, пак, треба да ги разгледа предлог – законите за изменување и дополнување на законите за Централен регистар, за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), за Управата за јавни приходи, за финансиската полиција,за државната ревизија, за спречување на перење пари и финансирање  тероризам, за Фондот за осигурување на депозити и за јавните набавки, сите по скратена постапка  во второ читање.

Измени и дополнувања на над 20-ина закони треба да разгледа Законодавно-правната комисија.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен