Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за финасирање и буџет, за култура и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлог измените на Законот за пасишта, на Законот за земјоделски задруги, на Законот за водостопанство, на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и на Законот за тутун и тутунски производи, сите во второ читање.

Комисијата за финасирање и буџет ќе расправа за предлог измените на Законот за јавни набавки, на Законот за експропријација, на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, на Законот за административните такси, на Законот за буџетите, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, на Законот за ревизија, на Законот за акцизите , на Законот за кредитно биро, на Царинскиот закон,  на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за даноците на имот, на Законот за државната ревизија, на Законот за комуналните такси, на Законот за хартии од вредност, на Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, на Законот за вршење на сметководствени работи и на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за култура ќе ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик и на Законот за заштита на културното наследство, двата во второ читање.

На дневниот ред на Законодавно-правната комисија се повеќе законски решенија во второ читање.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали