Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за здравство, за земјоделство, за економски прашања и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог измените на законите за здравственото осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за доброволно здравствено осигурување  и за здравствената заштита, во второ читање.

Комисијата за земјоделство, пак, треба да дебатира законите за изменување и дополнување на законите за ловство, за рибарство и аквакултура, за квалитет на земјоделските производи, за пасиштата, за земјоделски задруги, за водостопанство, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за тутун и тутунски производи, сите во второ читање.

На седницата на Комисијата за економски прашања исто така треба да бидат разгледани повеќе закони, меѓу кои Предлог – законот за занаетчиство, во прво читање,  предлог измените и дополнувањата на законите за државната статистика , за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за технолошки индустриски развојни зони, за контрола на предметите од скапоцени метали, за електронска трговија….. Дел од дневниот ред на Комисијата се и предложените измени и дополнувања на законите за туристичка дејност, за индустриски – зелени зони, за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, за градежните производи,  за таксата за привремен престој, за угостителска дејност, за трговските друштва, за метрологијата, за возила, за енергетика, за минерални суровини  и за стечај.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија за разгледување се повеќе точки, меѓу кои предлог-законите за изменување на законите за Царинската тарифа, за занаетчиство, за јавните набавки, за експропријација, за спречување перење пари и финансирање тероризам, за административните такси, за буџетите, за рамномерен регионален развој, за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за ревизија, за акцизите, во второ читање….

Законодавно-правната комисија треба да го утврди и пречистениот текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација и да расправа и за граѓанската иницијатива со предлог за донеесување закон за дополнување на Законот за енергетика, на 161 граѓанин, доставена преку овластен предлагач Јанко Бачев.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали