Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледува предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, двата во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за вештачење, дополнувањето на Законот за Државното правобранителство, дополнувањето на Законот за процена и дополнувањето на Законот за бесплатна правна помош, сите во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за воздухопловство, во второ читање и Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (прва фаза).

Комисијата за економски прашања треба да се изјасни за амандманите на измените и дополнувањата на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на изменување и дополнување на Законот за трговија и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите.

Пратениците на оваа седница треба да ја констатираат потребата за донесување на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за електронска трговија, за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, како и за предлог – законот за градежните производи, сите во прво читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски