Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија.

Пред Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е изготвувањето Предлог–закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за субвенционирање станбен кредит по скратена постапка во второ читање, додека Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за пратениците по скратена постапка во второ читање, поднесен од пратениците Александар Николоски и Талат Џафери.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се предлог-измените на законите за субвенционирање станбен кредит и за пратениците.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисииите за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за надворешна политика, како и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странци (прво читање).

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледаат Предлог-законот за ратификација на Осмиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител