• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Седници на четири собраниски комисии

by А1он27/01/2015 - 08:5992
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Добивај вести на вибер

Предлог – законот за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање е единствената точка за која ќе расправаат членовите на Комисијата за здравство.

На агендата на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител и на Законот за парничната постапка, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледуваат Годишните извештаи за работата за 2013 година на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година и Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за периодот од 01 јули до 31 декември 2014 година.

Законодавно-правно комисијата ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој,на Законот за даночна постапка, на Законот за хартии од вредност, на Законот за банките и на Законот за Фондот за осигурување на депозити, сите во второ читање. Ќе се расправа и по Предлог – закон за комплементарна и алтернативна медицина, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител, како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен