Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија, за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Членовите на собрaниската Комисија за финансирање и буџет ќе ги разгледаат  Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2013 година, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2013 година

На дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Презентација на согледувањата за исполнување на целите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на предложените кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година, Годишниот извештај за резултатите од работењето на ЈРП Македонска радио телевизија за 2013 година, Извештајот за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013 година и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.

Пред членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања се извештаите на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција, ИСАФ во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на трудот во второ читање, на Законот за агенциите за привремени вработувања во прво читање, на Законот за работните односи во прво читање, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во прво читање, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во прво читање и на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка.

Членовите на оваа Комисија ќе расправаат по Предлог законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи во второ читање, како и по  Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе  расправаат по Предлог  законот за дополнување на Законот за платниот промет, по измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход  и на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, на Законот за азил и привремена заштита  и Предлог-законот за приватно обезбедување, сите во второ читање.

Дневниот ред на седницата е дополнет и со измените и дополнувањата на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, на  Законот за платниот промет, на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за личната карта, на Кривичниот законик и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет