Седницата за уставните измени никако да почне, пратениците прават влези-излези

Од:

Никако да почне седницата која беше закажана за 12 часот напладне. Во собранието присутни се пратениците и од власта и од опозцијата, но официјално немаат објаснување зошто седницата се уште не е почната и по истекот на работното време на Собранието.

Пратеникот Антонијо Милошоски во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. побара претседателот Џафери веднаш да ја стави на гласање точката за пристапување кон измена на Уставот, бидејќи сппред него секое одложување покажува дека не е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

Предмалку во Собранието дојде и претеникот и експремиер Никола Груевски, а пак замина пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со Артан Груби се на координација кај претседателот на Собанието, Талат Џафери.

Според информциите на „Макфакс“, доколку не се обезбеди мнозинство од пратеници, седницата ќе биде одложена за наредните денови. Не се знае дали пратениците пријавени за дискусија ќе се откажат од своите говори и ќе се премине на гласање, како што побара пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оптимизмот пак кај пратениците од паралмемтарното мнозинство, кое преовладуваше на почетокот на денот како да спласнува попладнево. Наспроти неофицијалните информации од претпладне дека повеќе од 80 пратеници ќе гласаат за уставноте измени, попладнево до новинарите стигнуваат информации дека се уште е неизвесно колку од пратениците би гласале За и дали воопшто ќе се гласа денеска.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот