Седницата за уставните амандмани презакажана за попладне, се чека новиот пратеник

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја констатираше оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Џафери ја презакажа седницата за 16 часот, на која на дневен ред се четирите измени на уставните амандмани.

Дотогаш, претседателот на Собранието очекува ДИК да го врачи уверението за новиот пратеник на листата.

Рубин Земон ќе седне на пратеничкото место на Тунтев, додека на позицијата координатор на пратеничката група на СДСМ доаѓа Јован Митревски, кој досега беше заменик координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени